Со партиски собранија на американските демократи во државата Ајова, почнува процесот на определување кандидат за претседател на американската Демократска партија за претседателските избори во ноември.
За време на процесот за определување кандидат на демократите, има два типа гласање – на партиски собранија и на првични избори.
Партиски собранија се организираат во релативно помалку држави. Во овој вид собранија, членовите на една партија генерално се собираат на различни места во државата, како што се сали, училишта и сл. за да слушнат аргументи за поддршка на секој кандидат пред јавно да го објават својот избор.
Првичните избори се претпочитана форма во повеќето држави каде се гласа на традиционален начин – тајно гласање.
За време на фазата на партиските собранија и првичните кандидати за претседателска номинација добиваат делегати кои гласаатза нив на партиски конгрес. Во сите држави кандидатите кои добиле над 15 осто од гласовите, добиваат таков број делегати кои е пропорционален на нивниот резултат од гласањето. Делегатите кои се определуваат на партиските собранија и на првичните избори, се решавачки фактор во добивање партиска номинација за изборите.
Во случајот со демократите тие ќе имаат партиски конгрес во јули. На него официјално ќе се гласа кој демократ ќе му се спротистави на републиканецот Доналод трамп.
За време на фазата на партиските собранија и првичните избори кандидатите во зависност од резултатиоте добиваат вкупно 3.979 делегати. Бројот на делегати кои ги има даден кандидат е решавачки бидејќи кандидатот кои добил мнозинство (најмалку 1991 делегати) ќе биде номинира на конгресот.
Меѓутоа, ако ниту еден од кандидатите не освои мнозинство при гласањето во првиот круг на конгресот, 770 други делегати, наречени супер-делегати, ќе ја преземат должноста. Ова се народни избраници и истакнати личности на партијата кои се слободни да гласаат за кого сакаат од кандидатите. Во 2016 година, приврзаниците на Берни Сандерс ја обвинија партијата дека ја фаворизира, според нив, кандидатката Хилари Клинтон, затоа што таа добила поддршка од повеќето супер делегати.
По Ајова денеска, гласањето ќе има во февруари во Њу Хемпшир (11 февруари), Невада (22 февруари) и Јужна Каролина (29 февруари). Потоа ќе има лавина од гласања на т.н. Супервторник на 3 март, каде ќе се гласа истовремено во 15 држави и територии. Промената е во тоа што Калифорнија, која е „богата со делегати“ и гласа подоцна, овој пат го пренесе гласањето во Супервторник. По тој датум, ќе бидат распределени 40 проценти од делегатите, со што ќе се разјаснат прашањата околу трката. По 28 април ќе бидат распределени 90 проценти од делегатите.
Конгресот на Демократската партија ќе биде во Милвоки, Висконсин од 13 јули до 16 јули. Предвидени се три дебати меѓу кандидатот за демократите и Доналд Трамп – на 29 септември, 15 октомври и 22 октомври.
Изборите се на 3 ноември.
Претседателот на САД се избира со индиректно гласање на 538 члена на изборен колегиум.
Гласањето во Ајова започнува во 19:00 часот по Гринич. Се одржува во вкупно 1.700 сали во државата. Единаесет се демократските кандидати кои ќе се борат да ја добијат претседателската номинација. Тие беа повеќе – 29, но 18 од нив веќе се откажаа.
Најголем интерес покажуваат Џо Бајден, Берни Сандерс, Елизабет Ворен, Пит Бутиџиџ, Ендру Јанг, Мајкл Блумберг и Ејми Клоубашар. Блумберг одлучи да ги прескокне првите четири гласања и да се пријави директно на Супервторникот.