Со почести погребан Бег Ризај , еден од водачите на кумановската група

од desk3
172 прегледи

Во Палатата на културата „Јусуф Гервала“ во Дечани се одржа погребната церемонија за Бег Ризај – еден од водачите на вооружената група елиминирана во Куманово. Пред ковчегот покриен со националното знаме беше построена почесна гарда на луѓе облечени во униформи на ОВК. Освен многуте граѓани, почит оддадоа и дел од пратениците на Алијансата за иднина на Косово, но не и лидерот Рамуш Харадинај-јави Алсат.

Beg Rizaj_varrimi

Бег Ризај беше погребан на гробиштата на Паднатите борци во Глоѓан. На средбата со роднините на загинатите беше решено Џафер Зимбери, Мирсад Ндрецај, Ваљон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатљум Вишесела, Арбен Реџаи да бидат погребани на гробиштата на паднати борци во Приштина.

Директорот на судска медицина на Косово, Арсим Грџалиу, не даде детали од повторената обдукција на загинатите. Рече дека резултатите ќе му бидат предадени на обвинителството. Телата на 9-те косовски државјани, кои беа убиени во престрелките со полицијата во Куманово, на Косово беа донесени во петокот наутро.

Извор: Алсат

Слични содржини