Денес онлајн ќе бидат презентирани наодите од истражувањето „Младински статус кво- 10 години стагнација: Истражување на младинскиот социјален капитал“, од страна и организација на Младинскиот образовен форум.
Како што е познато, на овој настан ќе се прикажат клучните постигнувања во проектот, наодите на истражувањето, но и Младинската декларација, која инаку е документи за младинските приоритети, потреби и визии.
Во рамки на оваа презентација ќе се обратат амбасадарот на ЕУ во С.Македонија, Дејвид Гир, Министерката за образование и наука, Мила Царовска, раководителот на одделението за пазар на трудот при МТСП, Младен Фрчкоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, координаторот на Клубот на млади пратеници во Собранието, Јован Јаулески, и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Бојан Петровски.
Инаку, ова истражување е реализирано во рамки на Проектот за младинско изразување кој МОФ го спроведува во партнерство со Младински сојуз – Крушево и Центар за балканска соработка „Лоја“, а финансиран е од Европската Унија.