Со сведоци предложени од обвинителството, на 10 септември продолжува „Монструм“

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Со сведочење на две лица предложени од обвинителството, на 10 септември продолжува рочиштето за предметот „Монструм“. Сведоците се од Центарот за известување и командување кој ја примиле дојавата дека во местото Враживир, на 13 април 2012 е пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковксо Езеро, на 12 април.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Слични содржини