Тешко е повредена 45-годишната С.Ц. од Пробиштип додека извршувала работни задачи во фабрика во Пробиштип.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека повредената била донесена во Клиничката болница Штип. Од таму вчера го пријавиле случајот во СВР Штип.