„Со вакцината на Фајзер пациентите се заштитени по првата доза“

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Според новите податоци, вакцината на „Фајзер“ помага да се изгради половичен имунитет на коронавирусот по првата доза, а по втората, пациентите се скоро целосно заштитени, вели американската ФДА.

Документот на 53 страници содржи анализа на државната агенција и „Фајзер“. Врз основа на оваа информација, претседателот на Клиниката за истражување Мајо, др. Грег Поланд, кој не е вклучен во работата на вакцината, смета дека нема причина вакцината да не добие зелено светло.

Вакцината на „Фајзер“ доаѓа во две дози, дадени со разлика од три недели. Компанијата објави дека вакцината во моментов е 95 отсто ефикасна во спречување на инфекција со коронавирус.

Новите информации покажуваат дека имунитетот се стекнува по првата доза – испитаниците развиле половичен имунитет на вирусот во рок од една недела од првата доза. Оваа ефикасност е иста кај сите возрасни, расни и етнички групи, како и кај луѓе со хронични болести и припадници на ризични групи кои се борат со дебелина, дијабетес и висок крвен притисок.

Слични содржини