Со вложени 40, освоил џекпот од 15,5 милиони долари

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Среќниот човек кој го помина Бадник во казино во Лас Вегас освои џекпот од дури 15,5 милиони долари, што многумина го нарекоа празнично чудо.

Suncoast Hotel and Casino објавија дека нивниот клиент Кевин остварил вртоглава добивка на еден од нивните автомати.

„Честитки за Кевин кој освои 15.491.103 долари“, напишаа од казиното „Санкоаст“ на Твитер.

Според „Фокс њуз“, Кевин освоил џекпот од слот машината „ International Game Technology Megabucks “ во која, наводно, ставил само 40 американски долари пред неговата монументална победа.

Ова е најголемиот џекпот во Невада во последните осум години, објавено е од Suncoast. Кевин рече дека ќе ја инвестира добивката во неговиот приватен бизнис.

Слични содржини