Над 120 милиони евра за проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, а општините каде власт е СДСМ немаат ниту отчет, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека стратешки важните проекти за единиците на локална самоуправа, каде власт е ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат секојдневно.
-Нови булевари, улици, клучки, натпатници, се дел од проектите на кои отпаѓаат најмногу средства, дури 36 милиони евра. Дури 20 милиони евра се инвестирани во водоводна и канализациона мрежа. Се градат градинки, се реконструираат училишта и се вложува во нивно опремување. Силно се поддржува спортот, културата и ранливите категории на граѓани. Со ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен, потенцираат од најголемата опозициска партија.
Викендов имаше дводневен отчет на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, насловен како „Саем на промени што носат иднина“.
-365 дена навистина беа предизвикувачки, 365 дена континуирано бевме на линија и разговаравме со градоначалниците кои се избрани на оној историски резултат на локалните избори минатата година бидејќи ниту една политичка коалиција во минатото од такво нешто од опозиција на опозиција не направила, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем.