Со закана со нож одзел 1.000 евра од казино во Богданци

од Берта Китинска
346 прегледи

Основното јавно обвинителство Гевгелија нареди истражна постапка против лице во Богданци кое е осомничено за сторено кривично дело – Разбојништво.

Осомничениот ставил црна маска на лицето на 21 април, по што со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата на електронското казино лоцирано во Богданци на ул.„Маршал Тито“. Кон оштетената вработена вперил нож и влегол од внатрешната страна на пултот каде што била касата. Од таму одзел вкупно 65.000 денари во различни апоени.

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава, јавниот обвинител во ОЈО Гевгелија, до судијата на претходна постапка од Основен суд Гевгелија поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена“, соопштија од обвинителството.

Слични содржини