Во рамки на 19. седница на Владата на Северна Македонија, беше разгледан предлогот на Министерството за правда за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, со кои се регулира зголемување на глобите, односно до 20 пати поголема од сега регулираната санкција, од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони.
Измените затоа ќе ги регулираат оние прекршоци кои се базираат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности.
„Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции, а поради потребата од регулирање на потребни стандарди со прописите од областа на животната средина, се избегнува намалувањето на висината на прекршоците од причини што е потребно заострување на казнената политика во областа на животната средина“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.