Неколку десетици граѓани вечерва се собраа на платото под Бранковиот мост во центарот на Белград за да и изразат поддршка на Украина на годишнината од почетокот на руската инвазија.
Насобраните ширеле транспарент со натпис „Мир за Украина, слобода за Русија“ и развиориле големо украинско знаме на мостот, а запалиле и свеќи, пренесе српска „Нова“.
За потсетување, по повод годишнината од војната во Украина, денеска во Белград се одржа Маршот на солидарност и мир.
Стотици луѓе учествуваа во прошетката, одејќи од Пионирскиот парк до Плоштадот на Републиката, каде што се одржа комеморација за сите жртви од војната.
Неколку десетици проукраински активисти денеска се обидоа да достават торта со череп и црвена глазура што симболизира крв во руската амбасада во Белград по повод годишнината од руската инвазија на таа земја, но полицијата не им дозволи.