Соборен дрон над Москва, затворени аеродроми: Русите обвинуваат за „терористички напад“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
241 прегледи

Руските системи за противвоздушна одбрана собориле дрон што летал над Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, а меѓународниот аеродром „Внуково“ привремено ги прекинал летовите.

„Едно беспилотно летало се обиде да прелета над градот. Тој беше елиминиран како резултат на работата на противвоздушната одбрана“, напишал Собјанин на Телеграм, пренесува „Москва тајмс“.

Градоначалникот соопштил дека нема повредени или „сериозна штета“ од остатоците што паднале на насипот Карамишевскаја во западна Москва.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како дим се издига во близина на висока зграда на насипот на реката Москва.

Собјанин не информирал дали дронот дошол од правец на Украина.

Сепак, руското Министерство за одбрана подоцна го обвини Киев за „обид за терористички напад врз објект во Москва“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека неговите системи за електронско војување го „сопреле“ дронот, принудувајќи го да се урне во шумска област.

Во меѓувреме, слетувањата и полетувањата на аеродромот Внуково во југозападна Москва беа привремено забранети втор ден по ред.

Аеродромот Калуга, на помалку од 200 километри југозападно од Москва, исто така беше привремено затворен од необјаснети причини претходно во петокот.

Засега нема информации дали затворањата се поврзани со забележаните дронови над Москва.

Слични содржини