Соборен светскиот рекорд во маратон

од Симе Стоиков
176 прегледи

Кениската атлетичарка Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон, бидејќи трката во Лондон ја заврши за два часа, 16 минути и 16 секунди.

Зад олимписката шампионка, второто место на трката во главниот град на Велика Британија, еден од најмасовните маратони на планетата, и припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека трета беше Џојселин Џепкосгеи од Кенија.

Трката ја завршија за помалку од 2 часа и 17 минути и второпласираната и третопласираната, кои исто така ја завршија трката побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време од два часа, 17 минути и една секунда, поставена во 2017 година, исто така во Лондон.

Слични содржини