Соборени 50 украински дронови над Русија, две лица загинаа во Белгород

од Vladimir Zorba

Руските сили за воздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле 50 украински беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е наведено, 26 беспилотни летала се соборени над Белгородската област, 10 над Брјанската област, осум над Курск, два над Тула и по еден над Смоленск, Рјазан, Калушка и Московската област, пренесува РИА Новости.

Двајца цивили загинаа во текот на ноќта во рускиот пограничен регион Белгород во напад на украинско беспилотно летало, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

Слични содржини