Соборени температурни рекорди низ Европа

од Radmila Tasevska
211 прегледи

Температура од 12,6 степени е измерена во Данска, 11,1 степени во Летонија, 14,6 степени во Литванија и 16,9 степени во Холандија.

Европа е соочена со невообичаено топло време во јануари и се срушени бројни температурни рекорди низ Стариот континент, пишува британскиот дневен весник „Индипендент“.

Според весникот, на првиот ден од Новата година во најмалку седум европски земји се измерени рекордно високи температури. Во Белорусија, Данска, Чешка, Летонија, Литванија, Холандија и Полска е регистрирана вообичаената за пролетната температура.

Рекордни 16,4 степени се измерени во Високаје во Белорусија. Претходно највисоката температура во јануари беше 4,5 степени.

Рекордни 19 степени се измерени во полското село Корбијелов. Просечната температура за таа област во овој период од годината е еден степен. Во Јаворник во Чешка температурата е за 16,6 степени повисока од вообичаената бидејќи е измерена на 19 степени, а просекот за овој период е три степени Целзиусови.

Температура од 12,6 степени е измерена во Данска, 11,1 степени во Летонија, 14,6 степени во Литванија и 16,9 степени во Холандија.

– Врз основа на температурите и областите каде што се измерени рекордните вредности, овој период може да се смета за најекстремниот топлотен бран што некогаш е регистриран во Европа – изјави климатологот Максимилијано Херера, кој ги следи екстремните температурни разлики.

Слични содржини