Собраниет и утре продолжува со расправата за состојбата во образованието

од desk4
126 прегледи

Расправата по Информацијата за општите состојби во образованието и ефектите од екстерното тестирања во основното и средното образование, поднесена од опозицијата, продолжи попладнево.

sobranie-5003

Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека образованието е во лоша состојба за што ја обвинија власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, концептот за екстерно тестирање е целосно промашен поради што треба да се укине.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека една од главните заложби на власта е унапредување на воспитно-образовниот процес, а буџетската стапка за образованието континуирано расте. Тие истакнаа дека концептот на екстерно образование се применува во многу европски држави.

Расправата по оваа точка од дневниот ред на 92-та собраниска седница продолжува утре во 12 часот.