Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик

од Radmila Tasevska
1,1K прегледи

Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, Собранието попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

На гласањето му претходеше расправа во која опозициските пратеници изнесоа остри критики, обвинувајќи дека власта ги носи овие законски измени за да ги амнестира оние што го прекршиле законот. Како што истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и во овој случај се злоупотребува европското знаменце. Но, според заменик министерот за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ која им реплицираше, од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ.

-За да нема забуни и дилеми зошто Законот е со европско занаменце, нагласувам дека предвидува 38 члена од кои 35 се со директивите на ЕУ. Вчера кога го давав Предлогот зошто треба да биде со европско знаменце и по скратена постапка, напоменав дека целта е усогласување со европското законодавство, истакна Аврамовска – Мадиќ.

Слични содржини