Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони, ќе се гласа дополнително

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Собранието попладнево ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во рамки на продолженијата на неколку пленарни седници – 140, 138, 129, 131, 143 и 125. Собранието заклучи дека предлог-законите се прифатливи и да бидат проследени на натамошна собраниска процедура, односно второ читање. Дополнително ќе се одржи гласањето по точките кои ја поминаа општата расправа.

Во рамки на 140-та седница, Собранието ја заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот.

Општиот претрес заврши и по Предлог на законот за правда за децата, кој беше на дневен ред на 138-седница. На оваа седница беше повлечен материјалот за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка.

На 129-та седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка. На оваа седница на дневен ред беше и Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. За оваа точка, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски рече со оглед на тоа дека мандатот на јавниот обвинител му истекол на 25 декември 2023 година констатира дека интерпелацијата за работата на Јовески е беспредметна и за тоа постапката по ова точка е завршена.

Во рамки на 131. седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Потпретседателот на Собранието, Мисковски информира дека е повлечен материјалот по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, кој беше ставен на 143. седница.

На 125-та седница заврши општата расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за хартии од вредност по скратена постапка.

Слични содржини