Собранието на Косово на вонредна седница усвои резолуција со која се забранува одржување на српскиот референдум.
За неа гласаа 76 пратеници, ниту еден против и еден воздржан.
Резолуцијата содржи осум точки, меѓу кои вели – „Одржувањето на референдумот на Србија на Косово го загрозува суверенитетот и уставниот поредок на Косово“.
Од одговорните институции се бара да ги преземат сите неопходни чекори за да не се дозволи референдумот, со цел да не се загрози суверенитетот и уставниот поредок и да се потенцира правото на двојно државјанство да го остварат своето право во согласност со уставните стандарди и меѓународната практика. „Во конкретниот случај, на сите српски државјани на Косово им се гарантира правото на глас по пошта и Српската канцеларија за врски во Косово“.
На седницата присуствуваше и српската листа, а по тој повод говореше првиот човек на пратеничката група Игор Симиќ кој рече дека се против резолуцијата, по што ја напуштија собраниската сала.