Сочен чоколаден колач

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Колач од само три состојки, за кој не ви треба брашно.

Состојки:

– 175 гр темно чоколадо

– 7 јајца

– 140 гр путер

Подготовка:

Подгответе калап за колачот, намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење.

Чоколадото искршете го на коцки и растопете го на пареа, а кон крајот кога ќе се растопи чоколадото, измешајте го путерот исечкан на коцки, мешајте додека не се растопи.

Одделете ги жолчките од белките и изматете ги жолчките во сад. Додадете им ја, полека мешајќи, изладената смеса од чоколадо и путер.

Во друг сад изматете ги белките и додадете ги лажица по лажица во претходно подготвената смеса, полека мешајте додека смесата не стане хомогена.

Истурете ја смесата во подготвениот калап и покријте со фолија. Калапот ставете го во поголем и подлабок плех за печење кој ќе го наполните со врела вода до половина од калапот.

Ставете во рерна загреана на 150 степени. Печете 25 минути, по што средината на колачот треба да биде мека, а површината обложена со крцкава кора.

По печењето оставете го колачот да се излади на собна температура, посипете го со шеќер во прав, исечете го и послужете го со шлаг или овошје.

Слични содржини