СОЧНА БАКЛАВА СО ГРИЗ И ОРЕВИ: Нема поедноставна подготовка од оваа

од Vladimir Zorba
663 прегледи

Ролатот баклава со гриз и ореви ќе ги воодушеви сите љубители на слатки, многу е едноставен за правење, а вкусот ве соборува од нога.

Состојки:

500 гр кора за пита

Фил:

300 гр мелени ореви
100 мл масло
100 мл вода
2 кесички ванилин шеќер
4 лажици шеќер
4 лажици пченичен гриз

Премаз:

150 гр маргарин (ако постите земете посен)
50 мл масло

Сируп:

500 мл вода
350 гр шеќер
1 лимон

Подготовка:

Измешајте ги состојките за филот, па стопете го маргаринот и додадете го маслото. Намачкајте една кора, премачкајте со две лажици премаз, ставете ја втората кора и премачкајте со една лажица премаз. На крајот од кората се става филот, убаво се притиска да не се распрсне, па се витка во цврст ролат. Ставете ги ролатите во голема подмачкана тава и исечете ги на помали ролати.

Се премачкува убаво со премазот одозгора и се пече на 200 степени околу 30 минути. Печената баклава оставете ја да се излади, а потоа прелијте ги со врелиот сируп. Варете го сирупот околу 15 минути, додека не зоврие.

Оставете ја прелиената баклава да отстои најмалку 4 часа, по можност до следниот ден.

На здравје!

Слични содржини