Сочна овошна торта, задоволство во кое сите ќе уживаат

од Берта Китинска
321 прегледи

Лесна и освежителна се зборовите со кои може да се опише оваа торта.Можете да ставите праски, кајсии, сливи и боровинки или да направите своја идеална комбинација.

Состојки:

3 јајца
100 гр шеќер
2 dl масло
2 dl јогурт
3 чаши брашно
1 кесичка прашок за пециво
300 гр кајсии, праски, сливи или боровинки

Подготовка:

Јајцата и шеќерот се матат, па се додаваат маслото и јогуртот. Кога се ќе се соедини додадете го брашното и прашок за пециво, а потоа се добро изматете и измешајте.

Плехот во кој ќе печете обложете го со хартија за печење, па истурете половина од добиената смеса.

Тавата за печење се става во загреана рерна на 200 степени 10 минути.

Овошјето измијте го, пресечете го на половина извадете ја тортата од рерна, па наредете го овошјето и прелијте со остатокот од смесата. Печете уште 20 минути на 180 степени.

Слични содржини