Состојки:
За палачинките:
– 500 мл млеко
– 1-2 јајца
– брашно
– масло и малку сол
За фил:
– 100 гр. суви колбасици
– 50 гр сув врат
– 1 лажица брашно
– 300 мл млеко
– 1 чешне лук
– масло
– сол, бибер, оригано, босилок, ловоров лист
– моцарела
Подготовка:
Изматете ги јајцата, млекото, брашното, малку масло и сол. Направете ретко тесто за палачинки и испечете ги.
Колбасиците и вратот исечете ги на ситни коцки и испржете ги во тава. Во истото тавче на масло, пропржете лажица брашно и додајте го изгмечениот лук па добро изматете да нема грутки.
Тргнете ги од шпорет и додадете ги зачините и испржените колбасици и сето тоа заедно измешајте го.
Во мал плех кој предходно сте го обложиле со хартија за печење, на дното ставете една палачинка и две лажици од филот, потоа палачинка па пак све лажици од филмот. Повторувајте додека не ви се потрошат. На крајот ставете палачинка одозгора, малку од филот и изрендајте моцарела.
Печете на 200 степени целзјусови околу 30 минути. Послужете го топло.