456
Состојки:
– 6 батаци
– 1 главица кромид
– маслиново масло
– 800 гр доматен сос
– сол
Подготовка:
Земете неколку стапчиња за ражничи во едната рака, а батак во другата. Со брзи движења избоцкајте ги батаците со стапчињата. Направете го истото со сите батаци.
Загрејте го маслото во тава и пропржете го исечканиот кромид. Наредете го месото и лесно испржете го.
Додадете сос од домати, посолете и гответе околу 40 минути.