Новата книга на за многумина омилениот готвач, Џејми Оливер носи јадења кои се вклопуваат во еден сад.
Здравите, вкусни, имагинативни оброци кои брзо се подготвуваат без многу валкани садови, се идеални за овие жестоки летни денови кога не сакаме да поминуваме премногу време во кујната.
Сочното пилешко со печени тиквички и кускус со лимон, лук, јогурт и магдонос е рецепт кој мора да го пробате.
Потребни состојки за 2 лица, време за готвење 24 минути:
2 тиквички со различни бои
1 лимон
150 гр кускус
1 китка магдонос со рамен лист (30 гр.)
2 чешниња лук
2 парчиња пилешки гради (по 150 гр), без кожа
2 лажици тахини паста
2 супени лажици јогурт
Подготовка:
Сварете вода во електричен котел. На силен оган ставете нелеплива тава со дијаметар од 30 см. Исечете ги врвовите на тиквичките, исечете ги по должина на четвртинки, па пржете ги во топла тава без масло 5 минути. Превртете ги по половина од даденото време. Исечете го лимонот на половина, едната половина ставете ја со исечената страна надолу во сад.
Околу лимонот ставете го кускусот и прелијте го со 300 мл зовриена вода. Исецкајте ги стебленцата од магдонос и посипете ги преку кускусот, а листовите покријте ги со сокот од преостанатата половина лимон и оставете ги на страна. Излупете го и ситно исечкајте го лукот. Тиквичките се тргаат на даска, се сечат крупно и се ставаат врз кускусот и се остава тавата на оган.
Пилешкото исечкајте го по должина од 1 см (внимавајте месото да не се исече целосно), истријте го со поголем дел од тахини пастата, лук, морска сол и црн пипер. Во загреана тава без масло пропржете го пилешкото по 4 минути од секоја страна или додека не порумени и убаво се свари.
Со клешти зграпчете половина од лимонот и исцедете го преку кускусот и измешајте ги кускусот, сечканите стебленца магдонос и тиквичката, посолете и ставете бибер, а одозгора ставете ги зачинетите листови магдонос.
Преостанатиот тахини измешајте го со јогурт, по желба намачкајте со малку екстра девствено маслиново масло и послужете со сочно пилешко премачкано со тахини.
На здравје!