Сочно, слатко, вкусно: Посни руски капи

3,6K прегледи


Потребно:

За бисквити:

200 мл кисела вода
200 гр брашно
1 прашок за пециво
50 мл масло
100 гр шеќер
2 лажички какао

За фил:

4 лажички соино млеко во прав
500 мл врела вода
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажички густин
3 лажички брашно
250 гр посен маргарин
3 лажици шеќер во прав
100 гр брашно од кокос

За глазура:

100 гр посна црна чоколада
2 лажички масло или коцка маргарин

Подготовка:

Во сад ставете го брашното со прашокот за пециво, додајте го шеќерот, маслото, какао и кисела вода. Сето тоа добро изедначете го.

Во плех 40х30 обложете го со хартија за печење и излијте го тестото. Печете на 200 степени целзјусови околу 20 мин.

Кога ќе се оладат со калап вадете кругови. Во врела вода ставете го шеќерот и ставете 4 лажици млеко во прав и ставете го на шпорет.

Измешајте го брашното со густинот со вда и кога ќе проврие додајте го во млекото и добро изедначете. Оставете да се олади со често мешање.

Во пластичен сад ставете го омекнатиот маргарин и 3 лажици шеќер во прав и со миксер измешајте го пенасто. Кога кремот ќе се олади додајте го во маргаринот постепено и сето тоа измешајте го во мазен крем. На еден круг сгтавете малку крем па поклопете со друг круг и намачкајте околу колачот и прпелкајте во кокос.

Растопете чоколада и на секоја капа ставете по една лажица. Оставете да се олади.

Слични содржини