856
Ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер (25) ја роди својата прва ќерка Вила (1) на почетокот на 2020 година, а се шпекулира дека е повторно бремена откако се појавија фотографии од неа. Вила ја доби со пејачот Џо Џонас (32) и ја роди во строга тајност.
– Убава мама на прошетка, изгледа бебето ќе пристигне на лето – напиша воодушевена обожавателка со фотографија од Софи.
Софи и Џо се венчаа во 2019 година, а својот приватен живот вешто го кријат од љубопитните очи на јавноста.
Бременоста се уште не е објавена, но фановите и странските медиуми тврдат дека нема забуна, и дека Софи повторно ќе се породи на лето.