Софија доби допис од Газпром за плаќање во рубљи

од Nikola Popovski
286 прегледи

Бугарија добила официјален допис од Газпром со кој бара исплата на гасот во рубљи, потврди бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, оценувајќи дека ова барање е дискутабилно и од правен аспект и од аспект на договорот.

Според порталот „novinite.com“, Бугарија се согласува со заедничкиот став на Европската унија дека промената на валутата не треба да се прифати.

Во писмото од Газпром, кое пристигнало во петокот вечерта, се наведува дека руската компанија очекува во иднина да добива исплати за својот гас само во рубли, додава порталот.

„Такво нешто бара Русија. Од аспект на правните и договорни односи, дискутабилно е дали е применливо и како“, рече министерот Николов.

Тој додаде дека Бугарија ќе се придржува до заедничкиот став на ЕУ, која инсистира дека плаќањата се уште се вршат во долари или евра.

Според Николов, во договорот што Бугарија го има како валута на плаќање стои американскиот долар. Тој исто така вели дека Газпром во писмото информира дека очекува исплата во рубљи на 18 април, кога следната исплата за испорачаниот гас треба да биде Бугарија.

За неизвесноста што ќе се случи со снабдувањето со гас доколку нема дијалог со Русија за плаќањата, Николов оценил дека „тоа е прашање што е еквивалентно на прашањето колку се предвидливи дејствијата и какви било дополнителни санкции на Русија против т.н. непријателски држави“.

Слични содржини