Софија Лорен наградена на 86-годишна возраст за улогата во филмот „Живот“

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Актерката Софија Лорен, ја доби годинешната награда за најдобро толкување во филмот „Живот.“ Наградата „Давиде ди Донатело“ е најпрестижната италијанска национална награда, која се доделува еднаш годишно за достигнувања во кинематографијата.

Легендарната актерка Софија Лорен истакна дека не знае дали ова ќе биде нејзиниот последен филм, но дека има енергија и желба да продолжи да глуми, бидејќи без филмот не може да живее.

„Возбудена сум како пред 60 години, кога за прв пат ја добив оваа награда“, рече актерката.

Режисер на филмот е нејзиниот син Едоардо Понти, а покрај познатата актерка во филмот игра момчето Ибрахим Гаја, кога актерката рече дека е „прекрасно, магично дете“.

Министерот за култура, Дарио Франческини, на доделувањето на наградите, рече дека италијанската влада подготвува голем проект за заживување на филмското студио „Синецита“, за кој е предвидена инвестиција од 300 милиони евра.

Претседателот на Републиката, Серхио Матарела, прими дел од наградените автори и актери во седиштето на владата.

„Можеме да излеземе од кризата што ја доживуваме само со солидарност, визија и чувство на припадност кон заедничка историја“, рече претседателот Матарела, кој го оцени киното како вредно општо добро.

Слични содржини