Софија Лорен не го скршила само колкот: Има неколку сериозни скршеници!

од Vladimir Zorba
504 прегледи

89-годишната Софија Лорен итно е оперирана откако се здобила со неколку скршеници во неделата, иако првичните информации беа дека таа го скршила само колкот.

Таа се повредила паѓајќи во нејзиниот дом во Швајцарија, во бањата.

Според извор близок до актерката, постои „внимателен оптимизам за исходот од операцијата и за закрепнувањето на Софија“, што ќе вклучува кратко опоравување во болница, по што ќе следи долга рехабилитација, пишува „Холивуд репортер“.

Инаку, веста за падот на Софија Лорен беше откриена кога беше објавено дека таа нема да се појави на отворањето на ресторан во Бари на 26 септември. Тоа е 4-ти ресторан по ред кој ќе го носи нејзиното име, а актерката требаше да ја добие титулата почесен граѓанин на градот, но во моментов и се откажани сите ангажмани.

Софија е придружувана од нејзините синови Карло и Едоардо, кои го режираат и нејзиниот последен долгометражен филм, проектот на Нетфликс „The Life Ahead“ од 2020 година, кој и ја донесе наградата „Дејвид ди Донатело“ за најдобра женска улога.

Софија последен пат се појави во јавноста на 2 септември во Венеција, на ревијата на познатата куќа Армани, одржана за време на 80-от филмски фестивал во Венеција.

Слични содржини