Актерката Софија Вергара важи за една од најубавите и најзгодните жени во светот.
Таа денеска го слави својот 51 роденден, а вчера „прослави“ и 30 милиони следбеници на Инстаграм.
По тој повод таа ги израдува сите со своја фотографија во едноделен, жолт костим за капење.
Актерката уште еднаш ја покажа својата извајана фигура и воодушеви многумина, а во коментарите ѝ порачаа дека изгледа барем половина од својата возраст.
„Оваа жена има 25 години“, „Каква жена“, „Прекрасна“, „Како успева да биде уште млада?“, „Најсовршената жена на светот“, се само дел од коментарите.