Софија Вергара го заштитила своето богатство, но што е со нејзиниот „сиромашен“ сопруг?

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Кога се венчаа во 2015 година, Софија Вергара и Џо Манџаниело наводно потпишале предбрачен договор вреден 100 милиони долари.

Нивниот брак на многумина им изгледаше идилично, а веста за разводот на Софија Вергара и Џо Манџаниело ги шокираше оние кои не ни помислувале дека е дојден крајот. Обожавателите кои внимателно следеа можеа да почувствуваат брачни проблеми кога Манџаниело прилично ладно ѝ посака на Вергара среќен роденден. Тие немаат деца, но се соочуваат со поделба на брачниот имот.

Парот се венчаше во 2015 година, а претходно се договорија да потпишат предбрачен договор. Тој договор дојде на иницијатива на актерката која сакаше да го заштити својот имот, а Џо немаше проблем со тој предлог. Наводно, предбрачниот договор е вреден 100 милиони долари, а Софија со текот на годините јасно стави до знаење дека таа и нејзиниот сопруг одделно управуваат со своите финансии.

Тие живееле заедно во Беверли Хилс, поточно во многу ексклузивната и посакувана населба Беверли Парк, а својот дом го ставиле на продажба во јуни и за него бараат 18 милиони долари.

Иако немаат деца, што го прави овој случај на развод нешто поедноставен, тие се сопственици на кучето Баблс. Според законот во Калифорнија, судијата може да одлучи кој да ги добие миленичињата при развод.

Актерката наводно има неверојатни 180 милиони долари, додека Манџаниело вреди само 40 милиони долари.

Слични содржини