349
Актерката Софија Вергара се разведе од Џо Манџаниело минатата година, по седум години брак.
Иако важеа за хармоничен пар, тие одлучија да се разделат, а Софија сега за првпат проговори за причините за разводот.
„Мојот брак се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа не е за мене повеќе. Добив син кога имав 19 години. Тој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка. Скоро сум во менопауза, тоа е природен тек на нештата“, искрено изјави таа за El Pais.