Актерката Софија Вергара го прослави својот 50-ти роденден.
Важи за една од најубавите и највлијателните жени во светот, а голема слава стекна со улогата во серијата „Модерно семејство“.
Софија пораснала во Колумбија во католичко семејство од работничка класа и имала пет браќа и сестри. Иако сакала да стане стоматолог и завршила речиси три години од овој колеџ, нејзината убавина сепак ја довела до манекенството.
Софија Вергара својата актерска кариера ја започна со улога во серијата „Акапулко“, а се појави и во „Чувари на плажата“.
Во јули 2014 година го запозна Џо Манганиело со кој се омажи на свадба од бајките и изгледа дека конечно ја пронајде својата среќа. Тој еднаш призна дека му било непријатно да ја запознае Софија бидејќи бил маѓепсан од нејзината убавина.
Актерката објави фотографии од прославата на својот 50-ти роденден, а во најголем дел од коментарите луѓето ѝ велат дека изгледа многу помладо.