На новинарско прашање упатено до директорката на Клинката за детски болести, Аспазија Софијанова, таа одговори дали по информациите од дел од нејзините колеги дека по прележан Ковид 19 кај дел од случаите на деца се јавуваат компликации, има таа сознанија и притоа поради таквите информации се шират по социјалните мрежи информации кои говорат дека ддецата нема да бидат вакцинирани.
„Ја добивме таа информација. Ние потенциравме дека имавме успешно излечено дете од Ковид 19 кое беше на средина од процес на лекување од леукемија. Имавме уште две деца кои немаа таква клиничка слика каква што беше претставена вчера. Тоа е објавено од приватни институции. Сметам дека треба да се ревидира и испита реалната состојба како таква. Верувам дека тоа сепак треба да се провери, а оправдана е пост такви информации реакцијата кај родителите“, истакна Софијанова.