Сојуз на средношколци: Бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување и оттаму не е „неоправдан“

282 прегледи
Денес министерката за образование и наука објави статус на социјалните мрежи околу државната матура, на кои треба да се даде одговор:
Да, државната матура е „право на избор и тоа право е неприкосновено“. Државната матура ја полагаат ученици кои сакаат да го „продолж[ат] своето образование“. Сепак, аргументот дека учениците во месеџ декември го оствариле своето право врз основа на личен избор не е баш најдобар. Во декември, матурантите не беа сигурни дали воопшто ќе се одржи матурата (имаше матуранти кои бараа нејзино откажување). Токму затоа сите матуранти ги пријавија испитите, не сакајќи да се коцкаат со сопствената образовна иднина.
 Повторно користејќи го податокот за „над 14 илјади матуранти“, статусот вели: „Нема причини за откажување на матурата“. Тука нагласуваме дека Сојузот на средношколци не се залага за откажување на матурата. Сојузот не ги подржа средношколците кои тоа го бараа и инсистираше дека државна матура мора да има.
 Имајќи го ова на ум, јасно е дека бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување за оваа учебна година. Токму затоа Сојузот не се согласува дека „бојкотот е неоправдан“. Предложените измени се целосно разумни. Тие ја зачувуваат сериозноста на образовниот процес, а истовремено и интересот на учениците со оглед на (не)квалитетот на наставата од далечина.
 Преставници на Сојузот беа поканети и прифатија учество во работна група за концепцијата за матура, но оваа концепција би се применувала од идната учебна година. Секоја комуникација на Сојузот со институциите има една цел – градење на подобар образовен процес.
 Сојузот повторно апелира до институциите да ги прифатат барањата.

Слични содржини