Сојузот на борците реши да ја потпише Платформата за демократска Македонија

од Vladimir Zorba
64 прегледи

„Сојузот на борците од НОБ расправајќи за актуелната состојба во Република Македонија и искушенијата и предизвиците за опстанок и напредок на државата, водени од својата борба за слободна и независна Македонија и вредностите произлезени од таа борба, оценува дека актуелната криза произлегува од целосното узурпирање на основните права и слободи во земјата и нефункционирање на институциите во одбрана на виталните интереси.

sojuznaborciLOGO-627x320

Со сето тоа дојде до нарушување на меѓународниот углед на Република Македонија и до вклучување на меѓународниот фактор во третманот на оваа криза.

Длабоко загрижен за општествената и политичката криза, борците од НОБ и нивните почитувачи и продолжувачи го прифаќаат и му се приклучваат на граѓанското движење ,,Протестирам“ давајќи му полна подршка за темелни промени во македонското општество.

Сојузот на борците реши да ја потпише Платформата за демократска Македонија „Заедно за слободна Македонија“, соопштуваат од Сојузот на борците од НОБ.