Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот: Се уште нема компромис со МОН

379 прегледи

Средношколскиот сојуз и денес продолжи со бојкотот во име на државната матура и барањето наместо четири да се полагаат два предмети.

Инаку, бојкотот започна со стартот на второто полугодие, односно 21. јануари. Првичниот план, беше бојкотот да се одвива една недела, а потоа да се најде компромис за барањата на средношколците и гледиштата на Министерството за образование и наука.

Исто така, минатата недела, Сојузот од Собранието побара да организира јавна расправа за ова нивно барање и, како што наведе во писмото кое во четвртокот го прати до сите пратеници – „доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование со одредби кои ќе бидат привремени, т.е. ќе се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“.

Министерството за образование и наука пак, е категорично дека измени на концептот не може да се прават во од и се можни за наредната учебна година, но им излегува во пресрет со тоа што најави дека ќе бидат скратени програмите и поедноставен материјалот од периодот кога почна пандемијата.

Слични содржини