Солар Импулс 2 чека подобро време за следниот лет

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Крајот на околусветското патување на авион кој се движи со енергија од сонцето се одложува засега. 4950756Летот од Египет до Абу Даби беше одложен за подоцнежен датум. Ова се прави “поради влошување на времето на аеродромот, каде авионот треба да полета, како и поради болест на пилотот и во интерес на безбедноста на авионот”, објавија организаторите.

Инженерите ќе продолжат да ги проучуваат прогнозите за времето во наредните денови, за да најдат можност да се насочи “Сончев импулс” кон финалниот лет – до Абу Даби. Не беше лесно решение за нас да го одложиме полетувањето. Ние би сакале да се заблагодариме на секој за неговата возбуда и континуирана поддршка во оваа авантура. Техничкиот тим ќе продолжи да работи напорно за да одреди кога ќе може да се отвори прозорец во метеоролошката ситуација, за да се заврши околусветското патување.