Солен ролат со спанаќ и варени компири

од desk4
707 прегледи

За претстојните слави, зачувајте го овој одличен посен солен рецепт, кој е одлично предјадење, но и мезе.

Потребни состојки за кора:

16 лажици брашно
Кесичка прашок за пециво
Една лажичка сол
400 гр сварен спанаќ
400 мл минерална вода

За фил:

200 гр посен мајонез
500 гр варени компири
5 кисели пиперки
Зачини

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, пецивото, солта и потоа додадете ги водата и сварениот спанаќ. Сите состојки измешајте ги за да добиете компактна смеса. По вкус можете да додадете и сусам, мелени јатки или ленено семе.

Смесата поделете ја на два дела и испечете во правоаголна тава на 180 степени околу 20 минути. Готовите теста префрлете ги на малку влажна крпа и завиткајте во ролат.

Филот подгответе до така што ќе ги изрендате компирите, ќе додадете мајонез, потоа сецкани пиперки и зачини и ќе измешате.

Ладниот фил премачкајте го на изладените кори и свиткајте во ролат. Оставете во фрижидер барем два часа, за да може да се сечат правилни парчиња.

Слични содржини