Солидарност: По договорот, борбата со малигниот груевизам мора да продолжи

од desk3
86 прегледи

Договорот кој во вторникот зад затворени врати го постигна политичкиот естаблишмент на Македонија во посредство на европските делегати, за нас, значи само едно: борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи! Договорот не претставува никаков демократски исчекор. Напротив, тој се коси со стремежот на Република Македонија да биде демократска и социјална држава и ги негира идеалите за кои се залага медијаторот на процесот, Европската унија, се вели во реакцијата на левичарското движење Солидарност.

солидарност1

Тие тврдат дека најзагрижувачки е што го занемарува големото тивко мнозинство кое не се приклонува кон ниедна од четирите партии и кое не било претставено на преговорите, а ќе трпи најголеми последици од нивниот исход.

„Договор со Груевски не може да биде основа за просперитетна, праведна и слободна Македонија. Власта на ВМРО­-ДПМНЕ и ДУИ докажа дека за неа не постои ниту Устав, ниту закон кој може да ги спречи во нивниот поход против слободата на изразување на медиумите и луѓето, слободата на здружување, социјалната правда, работничкиот стандард и при уништувањето на нашите животи. Физичките напади од страна на вицепремиерот Пешевски, а претходно и од режимските медиумски соработници, врз претставник на новинарската фела заради поставување критички прашања е најдобра илустрација за самоволието и насилството по кои стана препознатлива оваа власт“, тврдат од Солидарност.