Солскјер им соопштил на Матиќ и Рохо дека може да го напуштат Јунајтед во јануари

од Aleksandar Petrovski

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер им порачал на двајца свои играчи – Немања Матиќ и Маркос Рохо – дека можат да го напуштат тимот во јануари, пренесува „Мирор“.

Тие не се дел од долгорочните планови на клубот, а Аргентинецот беше блиску до трансфер во Евертон во текот на летото. Договорот на Матиќ истекува по крајот на сезоната, а неговите шанси за игра од почетокот на сезоната се ограничени. Два клуба од Премиер лигата покажаа интерес за српскиот играч од средниот ред, додека Аргентинецот е во центарот на вниманието на екипи од Италија и Шпанија.

Солскјаер се надева дека Јунајтед, исто така, ќе се засили со еден или двајца играчи за да ја подигне класата на прилично просечниот тим од „Олд Трафорд“.

Слични содржини