Метрото во Солун ќе биде суспендирано 15 дена во март поради технички работи за поврзување на линијата со нејзиното ново продолжение до областа Каламарија во источниот дел од градот, објави Никос Такијаос, заменик-министер за инфраструктура и транспорт на Грција, цитиран од онлајн изданието на весникот Вима.
Движењето ќе биде суспендирано кон средината на март и ќе заврши пред Страдалната седмица, со дополнителен дводневен одмор планиран по Велигден за да се завршат преостанатите технички работи, прецизира Такијаос.
И во ноември-декември 2025 година Солунското метро беше суспендирано речиси еден месец поради тестови на своето прво продолжение до Каламарија.