122
Најмалку 10 лица загинаа кога милитантите на Ал Шабаб активираа два автомобила бомби во централниот сомалиски регион Хиран, соопштија денес милицијата сојузничка на владата и локален старешина.
„Утрово не разбудија две огромни експлозии. Видовме многу куќи срамнети со земја. Најмалку 10 луѓе загинаа, меѓу кои цивили, војници“, изјави локалниот старешина Ахмед Нур, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на милицијата Фарах Абдулахи потврди дека во експлозиите загинале најмалку 10 лица.