Низа терористички напади во Могадишу

од Milan1

Најмалку девет лица загинаа, од кои две деца во синоќешните координирани напади, во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата.

Терористите нападнале повеќе контролни пунктови во Могадишу, при што употребиле и автомобил-бомба. При нападот оштетени се и повеќе објекти и домови.

Одговорност, за еден од најкрвавите напади во изминатите години, ја презеде исламистичката терористичка група Ал-Шабаб, која тврди дека и запленила воена опрема.

Сомалија е цел на напади на Ал-Шабаб, која контролира поголемите делови од јужните и централните региони на Сомалија.

Последниот напад е невообичаен, бидејќи Ал-Шабаб вообичаено извршува напади во Могадишу со бомбаши-самоубијци

Слични содржини