Маж ја нападнал сопругата, таа му се заканувала со нож, полицијата ги приведе и двајцата

од Milan1

Вчера во 17:40 часот полициски службеници од ОВР Виница, во виничко го лишиле од слобода С.Ѓ.(37), постапувајќи по претходна пријава според која физички ја нападнал неговата сопруга.

Приведена била и С.Ѓ.(25), затоа што со остар предмет упатила закани кон нејзиниот сопруг.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Слични содржини