Сомалиските безбедносни сили ја окончаа опсадата на хотелот Хајат во Могадишу, која ја изведоа екстремистите од групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда, соопштија денеска локалните власти.
Во таа заложничка криза загинаа повеќе од 20 луѓе, а десетици беа повредени.
Ослободени се десетици луѓе кои беа држени како заложници за време на терористичката операција, јавува „Ројтерс“.
Бројот на жртвите од нападот на хотелот се искачи на 20
Бројот на загинатите во нападот на милитантите на терористичката група Ал Шабаб врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, се искачи на 20, а најмалку 40 лица се повредени, соопшти полицијата.
Милитантите во петокот вечерта упаднале во хотелот Хајат во Могадишу, а размената на оган со припадниците на безбедносните сили траела неколку часа.