Десетици Сомалијци позираа за селфи и разговараа возбудено, додека го чекаа почетокот на првото прикажување на филм во нивната земја во последните три децении, пренесува во четвртокот Ројтерс.
Моралe да платат околу седум евра за да гледаат два филма – Hoos и Date from Hell.
Исто така, тие морале да поминат низ неколку контролни пунктови пред филмот за да стигнат до строго чуваната зелена зона, во која се сместени киното, како и претседателската палата и парламентот.
Националниот театар, подарок од кинескиот диктатор Мао Це Тунг, беше отворен во 1967 година. Тој беше важен двигател на културниот развој на Сомалија во 1970-тите и 1980-тите, како и место за богатата традиција на раскажување приказни во Сомалија, настапи и пан-африкански филмски фестивали во 1980 -тите.
Театарот беше затворен во 1991 година, на почетокот на граѓанската војна, и беше користен од разни вооружени групи во борбата за контрола на главниот град, што предизвика колапс.
Кога беше отворен во 2012 година, откако беше обновен од мисијата на Африканската унија во Сомалија (Амисом), веднаш беше урнат од милитантите на исламистичкиот Ал-Шабаб, кои веруваат дека филмовите се неморални.
„Последен пат гледав филм во кино во 1991 година“, рече жителот на Могадишу, Хасан Абдулахи Мохамед.
Посетителот Осман Јусуф Осман за АФП изјави дека отишол во театар за концерти, гледал народни ора и филмови.
„Жал ми е што гледам дека Могадишу нема ноќен живот каков што имаше некогаш, но ова е добар почеток“, рече тој.