87
Душан Дуњиќ. кој денеска требаше да сведочи на судењето на Ратко Младиќ, е најден мртов во хотелот во кој отседнал, неофицијално објавуваат хрватските медиуми од извори од Меѓународниот суд за бивша Југославија.
Дуњиќ го пронашол службеник во хотелот и претставник на Меѓународниот суд, а брзата помош само ја констатирала смртта.Холандските власти повеле истрага за овој случај.
Дуњиќ е експерт за судска медицина од Србија, а сведочел во два предмети пред Меѓународниот суд. Бил вештак на обвинителството во неколку случаи, а на судењето на Радован Караџиќ бил вештак на одбраната. Вештак на одбраната требал да биде и на судењето на Младиќ.