Сончево бегство во Ибица

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Ибица е оној шармантен остров кој секое лето останува атрактивна точка за луѓето од целиот свет.2adc1b38ddae73a9bfd512c72f0308f8

Некои од нив избираат да потрошат дел од летото таму и да се оддадат на забава, додека други сакаат да уживаат во спокојната страна на Ибица, во прекрасната нејзина природа и едноставно да се одмараат.

Ако сте од вториот тип туристи кои сакаат да ја посетат Ибица , само за да поминат еден релаксирачки период во рајот, празничната вила Амсон е идеалното место за вас.Стилскиот имот е погоден за сместување на семејство или група на пријатели, кои преферираат луксузни дестинации.

Убавата вила се наоѓа на врвот на ридот и нуди неверојатен поглед кон морето. Таа е идеално место за луѓе кои бараат вистински луксуз за време на својот одмор. Тивката плажа Бенирас се наоѓа во близина на имотот, кој се наоѓа во северниот дел на островот – во близина на градовите Сан Хуан и Сан Мигел.

Чудесната вила е опкружена со зеленило и во неа можат да отседнат до 10 луѓе во пет спални. Големиот имот од 600 квадратни метри располага исто така со простран базен, градина и голем паркинг.

Градот Ибица е само 30 минути со автомобил, а во близина на  вилата има и ресторани кои нудат вкусна морска храна.

bc9d1e6baa88f815d9f2bd0898068abe 090083bd2ff8204506c01c5841ffe38b 2c61cf3addc2e221c9aa31d48f0cdf34 99e469165176d8e501f1db8ee2cb1d9e 50b618aedd1f6f078cf7720587d68261 ae1323620877cd63f025582b003b1ee3 2adc1b38ddae73a9bfd512c72f0308f8 135efc7610b60026491d304009ddef88